Home » Кисело млекo, исклучително корисна намирница

Кисело млекo, исклучително корисна намирница

by Журнал.мк

Киселото млеко е богато со хранливи материи кои се наоѓаат и во обичното млеко, но неговата особеност и предност е што вредноста на овие состојки се зголемува преку процесот на ферментација. Киселото млеко не е само ризница на протеини и липиди, туку и бројни витамини и добри бактерии…

Киселото млеко е исклучително корисна намирница која ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага да се ,,соберат” и исфрлаат токсини од телото и го стимулират метаболизмот.

Киселото млеко е богато со хранливи материи кои се наоѓаат и во обичното млеко, но неговата особеност и предност е што вредноста на овие состојки се зголемува преку процесот на ферментација. Киселото млеко не е само ризница на протеини и липиди, туку и бројни витамини и добри бактерии.

Киселото млеко содржи хранливи материи како протеини, масти, витамини и минерали.

Киселото млеко добива дополнителни придобивки од ферментацијата, кои првенствено се однесуваат на пробиотиците.

Киселото млеко има ниска содржина на лактоза и малку калории.

Во споредба со сирењето, путерот, маргаринот или некои полномасни видови јогурт, киселото млеко има значително помалку калории. Производот со помала содржина на маснотии е добар за луѓе со прекумерна тежина или за тие коишто се на некој режим на исхрана.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk