8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

КИРО РЕКОЛ – НЕ! Што било ПРЕДМЕТ НА НЕСОГЛАСУВАЊЕ помеѓу Глигоров и Денко Малески

Најчитани вести

Поранешниот претседател Киро Глигоров во 1992 година одбил предлог Република Македонија да аплицира за членство во Обединетите нации под УСТАВНО име Република Македонија (Скопје), пишува во неговата книга “Бебето од катран”, универзитетскиот професор и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески, денес еден од најгласните поддржувачи на бугарското барање за “демакедонизација“ на Македонија.

Во книгата, објавена во 2012 година, која се однесува на Меѓународните односи на Македонија од 1991 до 1993 година, Малески на 500 страници обелоденува неколку детали од преговорите за спорот за името.

Според она што е наведено во книгата на Малески, предлогот Република Македонија (Скопје), на Глигоров му бил доставен од страна на Велика Британија и САД, но тој го одбил со страв да ја преземе одговорноста за одлуката и понудил овој предлог до ОН, да биде доставен од ЕУ.

Во изјава за Вечер Малески тогаш кажа дека во книгата се опфатени и други моменти околу преговорите со јужниот сосед кои опфаќаат и други личности меѓу кои и поранешниот премиер Никола Кљусев.

Малески изјави дека меѓу него и Глигоров, во времето кога бил шеф на дипломатијата, постоеле несогласувања. Тој не смета дека е спорно објавувањето на вакви факти по смртта на поранешниот претседател, и зошто чекал Глигоров да почине во јануари 2012 за дури потоа тој да објави детали за него и за настани кои се случиле десетина години порано.

– “Во воведот на книгата објаснувам зошто решив овие факти да ги објавам сега. Меѓу мене и тогашниот претседател Глигоров постоеја несогласувања. Поради атмосферата јавно да се осудува она што според некого не чини или пак не му се допаѓа можеби постоеше и страв дека доколку овие работи беа порано објавени ќе се предизвикаше проблем.

Во Македонија постоеше атмосфера на брутално уништување на политичките противници. Во такви околности не беше проследена иницијативата на британскиот премиер. ПЈРМ пак беше решение на големите сили, а ние бевме принудени да седнеме на столчето во ОН.

Се надевам дека од ваквите искуства ќе го изведеме вистинскиот заклучок дека има моменти кога политиката треба да се остави на страна и се мисли за доброто на државата. Ова треба да ни биде поука за во иднина и да не обедини, а не да не разединува, изјави Малески.

Што било предмет на несогласување помеѓу министетрот за надворепшни работи Денко Малески и претседателот на државата Киро Глигоров?! Промена на името на државата.

И оттука имаме докази дека промена на уставното име на државата се нудела на сите претходни претседатели и премиери како замена за меѓународна поддршка тие да дојдат и неосновано да останат на власт. Но, никој освен сегашната влада тое не го прифатил.

Денко Малески е денес советник на претседателот Стево Пендаровски и дел од поширокиот состав советници за преговорите со Бугарија околу “демакедонизација“ на Македонија, заедно со поранешниот министер Владо Бучковски и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести