Home » Кирков: Во Зоолошката се угинати 40 егзотични животни, оставка на целото раководство

Кирков: Во Зоолошката се угинати 40 егзотични животни, оставка на целото раководство

by Журнал.мк

„Зоолошката градина за две години прави 100 години постоење и можеби е една од најстарите во Европа. Во последниве две години за времена Арсовска се сменија неколку директори и од најпосетувана стана место каде угинаа 40 егзотични животни под неразјаснети околности“ рече Стефан Кирков, советник во Советот за Град Скопје на денешната седница.

Кирков посочи дека во овој краток период Зоолошката во Скопје стана хорор приказна каде само умираат животни.

„Актуелниот директор бара нови вработувања, а се покажа дека не може да менаџира со оние кои се веќе вработени“ – кажа Кирков.

Според Кирков, во ваква една ситуација не смее да има нови вработувања кога ни постојните не ги вршат основните работи, односно директорот не знае како да ја изменаџира нивната работа.

„Под ова раководство на Зоолошка не треба да има вработувања, значи во овој мандат под овој менаџмент не смее да има нови вработувања. Наместо вработувања време е раководството да даде отказ, односно оставка од функцијата“ – заклучи Кирков.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More