Home » Киноа- суперхрана која го подобрува здравјето

Киноа- суперхрана која го подобрува здравјето

by Журнал.мк

Во 1⁄4 чаша киноа има само 172 калории. Бидејќи не спаѓа во групата на житарки, киноата не содржи глутен. Многумина кои користат киноа тврдат дека се чувствуваат многу подобро…

Киноата е суперхрана која заслужува да добие почесно место во кујната. Во последниве неколку години рапидно ја зголемува популарноста меѓу приврзаниците на здравата исхрана, на кои им се важни нутритивните вредности на консумираната храна. Киноата е присутна на сè повеќе трпези, бидејќи се подготвува многу брзо и лесно се комбинира со најразлични јадења. Најчесто служи како замена за ориз и тестенини.

Богата е со протеини. Киноата има повеќе протеини во споредба со оризот, просото или пченицата. Добар извор е на рибофлавин – кој помага во намалување на болката предизвикана од мигрена преку подобрување на енергетскиот метаболизам во мозочните и мускулните клетки.

Киноата е добар антисептик и се користела за подобрување на здравјето на кожата и заздравување на раните во Јужна Америка. Има и алкални карактеристики.

Во 1⁄4 чаша киноа има само 172 калории. Бидејќи не спаѓа во групата на житарки, киноата не содржи глутен. Многумина кои користат киноа тврдат дека се чувствуваат многу подобро и дека благодарение на киноата изгубиле вишок килограми.

Киноата има сложени јаглехидрати, а низок гликемиски индекс што ја прави погодна и за дијабетичари и за сите кои сакаат да ја контролираат телесната тежина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More