15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Кинески суд осуди поранешен банкар на смрт поради поткуп и бигамија

Најчитани вести

Поранешниот прв човек на кинеската државна компанија „Хуаронг Ашет Менаџмент Ко.”, Лаи Ксиаомин е осуден на смрт, во еден од најпознатите случаи за корупција во земјата, соопшти денеска судот во градот Тјенџин, во северниот дел на Кина.

Лаи Ксиаомин е осуден поради земање или барање поткуп во вкупен износ од 276,72 милиона долари во периодот од 2008 до 2018 година, кога бил и висок банкарски функционер, наведе во своето образложение Народниот суд во Тјенџин.

Во судскиот извештај се нагласува дека тој бил „престапник и исклучително алчен”, додавајќи дека „штетата за општеството е огромна, а злосторствата исклучително тешки и затоа треба да биде строго казнет согласно законот”.

Лаи е осуден и по обвинение за бигамија, а во 2018 годоина бил исклучен од владејачката Комунистичка партија кога е покренато обвинение против него.

Засега нема никаков коментар од осудениот или неговиот адвокат во врска со пресудата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести