Home » Кинески БИД добил 3,4 млрд. евра од државата за да владее на пазарот на електрични автомобили

Кинески БИД добил 3,4 млрд. евра од државата за да владее на пазарот на електрични автомобили

by Lina Muslija

Кинескиот производител на електрични автомобили БИД добил најмалку 3,4 милијарди евра директна финансиска помош од државата. Тоа го покажува најновата студија и тоа е дел од намерата на Пекинг, да завладее со светскиот пазар на електрични автомобили и други чисти технологии.

Помошта за водечкиот производител на електрични возила пораснала од 220 милиони евра во 2020 година, на 2,1 милијарда евра само две години подоцна. До тоа сознание дојде германскиот институт за светска економија во Кил.

БИД исто така има корист од поддршката за локалните производители на батерии и од попустите за купувачите на автомобилите на компанијата. Така покажува извештајот од истрагата што ја спроведува Европската Унија за наводната помош што кинескиот сектор на електрични возила ја добива од Пекинг и што ги прекршува правилата за чесна трговија.

Таквиот вид помош што ја добил БИД „им дозволи на кинеските фирми брзо да ја зголемат продукцијата, да владеат со кинескиот пазар и да им се олесни брз пробив на пазарите во ЕУ“, соопштуваат од институтот, чијшто консултантски услуги ги користи германската влада.

Од БИД не реагирале на барањето да ја коментираат студијата.

ЕУ се наоѓа пред предизвик да ја врати во рамнотежа тртовијата со Кина, во време кога државите членки, вклучувајќи ја Франција, гледаат закана врз економијата од напливот од производи што доаѓаат од кинеските фабрики.

БИД заедно со своите соперници Нио и Џили го прошируваат своето присуство во Европа, откако постигнаа голем раст во Кина, каде што западните производители, како Тесла и Фолксваген, го губат својот пазарен удел во безпоштедната ценовна војна кај електричните автомобили.

Буквално сите компании од Кина што нотираат на берзата, добивале директна финансиска помош во 2022 година, кажуваат од институтот Кил. Посебно им се помагало на компаниите за енергијата од сонцето и од ветрот, како и на железничките компании.

ЕУ одреди иновациски фонд од 40 милијарди евра за да се натпреварува со Кина и со субвенциите што се опфатени во Актот против инфлацијата на САД.

Европската Комисија во октомври отпочна истрага за тоа дали кинеската помош за компании, како БИД, САИЦ и Џили ѝ овозможила помош на индустријата во земјата, со којашто се прекршуваат правилата за чесна трговија. Првите казнени царини би можело да се очекуваат веќе во јули.

Кина оцени дека истрагата за субвенциите е заштитничка и кажува дека производителите на автомобили победуваат во трката со електрични возила поради тоа што нејзините производи се надмоќни.

Кинеските производители на ЕВ се потпираат врз „постојана технолошка иновација“ и врз напредни ланци за локална набавка, а не врз помошта од владата, кажа кинескиот министер за трговија Ванг Вентао во неделата во Париз.

Посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц што е најавена за следнава недела претставува „исклучителна можност“ да се преговара со Пекинг околу субвенциите, кажа Дирк Досе, еден од авторите на извештајот.

Во објавата на Институтот Кил се соопштува: „БИД е еден од најголемите профитери од масивните државни субвенции, што Кина ги вложува во зелени технологии. Субвенциите во Кина се насочени со цел кон кличните технологии; ЕУ треба да преговара за субвенциите што се посебно штетни …

 

БИД почна како производител на батерии, но масовно вложуваше во развој на ЕВ и на приклучна хибридна технологија. Компанијата постигна голем раст, благодарение на широкоградите субвенции за купување електрични возила.

За минатата година, компанијата пријави чиста добивка од околу 3,9 милијарди евра, и пак беше во можност да ги победи западните производители, понудувајќи поевтини возила.

Комбилимузината Сигал, чијашто опрема во внатрешноста меѓу другото вклучува вртлив дисплеј од 10 инчи, во Кина се продава под 10.000 евра.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More