Home » Кинеската амбасада во Еквадор привремено ги запира конзуларните услуги

Кинеската амбасада во Еквадор привремено ги запира конзуларните услуги

by Журнал

Кинеската амбасада во Еквадор соопшти дека кинеските дипломатски претставништва во оваа латиноамериканска земја од денеска привремено ги прекинуваат конзуларните услуги откако еквадорскиот претседател Даниел Нобоа изјави дека неговата земја е во состојба на „внатрешен вооружен конфликт“.

„Продолжувањето со услугите ќе биде објавено во догледно време“, соопшти амбасадата во пораката на шпански јазик објавена на кинеската социјална мрежа WeChat.

Еквадорскиот претседател Нобоа ја даде својата изјава за „внатрешниот вооружен конфликт“ откако избија немири во неколку затвори, новинари беа земени како заложници на телевизија во живо, киднапирани полицајци и опасни криминалци избегаа од затвор. Шефот на државата им нареди на вооружените сили да ги неутрализираат криминалните банди вклучени во немирите, кои се занимаваат со трговија со дрога.

Кризата без преседан во Еквадор досега однесе животи на најмалку десет луѓе.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More