Home » КИНА УСПЕШНО ЛАНСИРА НОВ САТЕЛИТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА САЛИНИТЕТ НА ОКЕАНИТЕ

КИНА УСПЕШНО ЛАНСИРА НОВ САТЕЛИТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА САЛИНИТЕТ НА ОКЕАНИТЕ

by Lina Muslija

Кина денеска успешно лансира нов сателит за одредување на салинитетот (степен на содржината на сол) на океаните од Центарот за лансирање сателити Таијуан во северната провинција Шанси, соопшти Кинеската национална вселенска администрација (ЦНСА).

Носечката ракета „Долг марш-4Б Y53“ полета во 6:42 по пекиншко време, поставувајќи го сателитот во предвидената орбита.

Научно-истражувачкиот сателит, познат и како „Океан-4 01“, ќе го подобри капацитетот на земјата за собирање податоци за динамичните фактори во океанската средина, ќе ја зголеми точноста на прогнозите и ќе одговори на потребите во области како што се екологија и климатски промени.

Ова е 545-то лансирање на ракета од серијата „Долг марш“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk