Home » Кина му честита на Трамп за изборната победа – медиумите гледаат шанса за нов почеток на односите со САД

Кина му честита на Трамп за изборната победа – медиумите гледаат шанса за нов почеток на односите со САД

by Журнал.мк

Кина му честиташе на Доналд Трамп за неговата победа, а медиумите во земјата во своите написи повикаа на „прагматичен“ пристап кон кинеско-американските односи за решавање на меѓусебните разлики на соодветен начин. Трамп во својата кампања, често најавуваше дека ќе воведе царини за кинески стоки.

Државниот весник „Чајна дејли“ објави дека вториот мандат на Трамп може да означи „нов почеток за кинеско-американските односи доколку не се пропушти можноста“. Новата американска администрација би можела да го зајакне дијалогот и комуникацијата со Кина за различни гледишта „од тајванското прашање до трговијата и Јужното Кинеско Море“, пишува весникот.

Правилното управување со кинеско-американските односи, кои весникот ги нарекува најважни во светот, „не само што им служи на интересите на двете земји, туку ќе донесе поголема сигурност и стабилност на целиот свет“, пишува „Чајна дејли“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk