Home » Кина го повикува НАТО да се откаже од менталитетот на Студената војна

Кина го повикува НАТО да се откаже од менталитетот на Студената војна

by Журнал.мк

Кина смета дека проширувањето на НАТО не придонесува за глобалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштение објавено денеска на веб-страницата на кинеското претставништво во ЕУ.

Се проценува дека 30 години по крајот на Студената војна, НАТО продолжува да го проширува опсегот на операции, блок-политика и конфронтации, а тоа не придонесува за глобалната безбедност и стабилност.

Пекинг, исто така, смета дека регионалната безбедност не треба да се обезбедува со зајакнување или проширување на воените блокови.

– Го повикуваме НАТО да се откаже од менталитетот на Студената војна и идеолошките предрасуди, да ги почитува суверенитетот, безбедноста, интересите, како и различноста на цивилизациите, историите и културите на другите земји – се додава во соопштението.

Претседателите на Кина и на Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин, потпишаа заедничка изјава за време на состанокот во Пекинг на 4 февруари, изразувајќи незадоволство од натамошното проширување на НАТО.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More