Кинеските истражувачи успешно го клонирале првиот мајмун резус, вид кој е широко користен во медицинските истражувања поради неговата физиологија слична на човекот, што може да резултира со побрзо тестирање на лекови за луѓето, бидејќи генетски идентичните животни даваат слични резултати и обезбедуваат поголема безбедност во испитувањата.
Претходните обиди за клонирање на резус мајмун или не успеале да се породат или потомството умрело неколку часа подоцна, пишува „Би-би-си“.
Cloned rhesus monkey created to speed medical research https://t.co/F8Hp0SJOz7
— BBC News (World) (@BBCWorld) January 17, 2024
Кај цицачите, сексуалната репродукција резултира со потомство составено од мешавина на гените на нивниот татко и мајка, додека клонирањето користи техники за создавање генетски идентична копија на животно.
Кинеските истражувачи користеле 113 ембриони, од кои 11 биле имплантирани и постигнале две бремености и едно успешно раѓање на мајмун, кое го нарекле „РеТро“, користејќи научен метод наречен „замена на трофобласт“ што се користи за „производство“ на животното.
Д-р Фалонг Лу од Универзитетот на Кинеската академија на науките изјавил дека „сите светеле од среќа“ од успешниот исход на клонирањето, додека од друга страна, портпаролот на британското Кралско друштво за спречување на суровост кон животните (RSPCA) рекол дека организацијата верува дека страдањето на животните ги надминува сите непосредни придобивки за пациентите.
Како одговор на таквата загриженост, д-р Фалонг изјавил дека целта на неговиот тим е да добие повеќе клонирани мајмуни, а истовремено да го намали бројот на користени ембриони, додавајќи дека се добиени сите етички одобренија за истражувањето.
„Сите процедури за животни во нашето истражување се придржуваа до упатствата поставени од Комитетите за употреба и грижа за животните на Шангајскиот институт за биолошки науки, Кинеската академија на науките и Институтот за невронаука“, изјавил тој.