Според последните информации, Кина ја претрка Јапонија за речиси милион возила и стана најголем светски извозник на автомобили. Најголем успех на кинеската автомобилска индустрија е марката BYD.
Најновите извештаи покажуваат дека Јапонија извезла 4.3 милиони возила во 2023 година. Ова не беше доволно да остане на врвот како најголем извозник на автомобили, па на тронот дојде Кина која со извезени 5,26 милиони автомобили стана најголем извозник на автомобили во светот. Податокот е уште поинтересен со обзир на тоа што Кина го има постигнато овој подвиг и без продажба и извоз на автомобили во САД.

Кина извезла најмногу автомобили на пазарите во развој како Русија и Мексико, но добар дел од извозот е пласиран и ви Европа, каде направија најголемо пореметување на пазарот.
<
Најуспешен бренд во Кина е BYD, а минатат година оваа компанија продала дури 3.024.417 возила и за прв пат влезе помеѓу најголемите 10 производители на автомобили во светот. Бидејќи BYD од 2022 година не произведува автомобили со мотори со внатрешно согорување, од оваа бројка дури 1,57 милиони се целосно електрични, а останатите биле хибриди.
Успехот за BYD е уште поголем бидејќи во последниот квартал од минатата година кинескиот џин ја надминал и Tesla по бројот на продажба на целосно електрични возила.