Касемиро се најде на сериозен удар во јавноста после хорор изданието кое го имаше против Ливерпул во првото полувреме, па во ситуација кога има и такви кои го отпишуваат за играње на највисоко ниво, дел од легендите на Манчестер Јунајтед решија да застана во негова одбрана.
Рио Фердинанд прв го крена гласот и посочи дека играч со такво педигре не заслужува третман каков што добива, за неколку дена подоцна да се јави и Рој Кин, кој пак предвиде каква иднина го чека Касемиро во Јунајтед под водство на Тен Хаг.
– Сметам дека повторно ќе заигра за Јунајтед. Сигурен сум дека ќе биде тука и дека ќе помогне на тимот барем до јануари. Имаше многу тешко прво полувреме, но претходно беше коректен и добар против Фулам, Манчестер Сити и Брајтон.
– Не би отпишувал играч на негова возраст, на 32-години некогаш може да имате таков меч, но сите сме имале лоши натпревари и на 22 години. Јас го гледам него малку повисоко на теренот, кога оди напред, има добро око за пас и добро се снаоѓа при прекини.
– Касемиро нема да го врати Јунајтед во трката со Манчестер Сити, но овој трансфер е направен пред две години и тој е дел од клубот. Не велам дека треба да остане поради тоа што го направил претходно во кариерата, го велам ова бидејќи навистина сметам дека може да му помогне на Јунајтед. Проблемот на Јунајтед не е Касемиро, проблемот е тоа што екипно заостануваат многу зад Сити и Арсенал, а изминатиов викенд видовме дека исто така и зад Ливерпул, – вели Кин.