Home » Кин: Арсенал уште еднаш покажа менталитет на мал клуб

Кин: Арсенал уште еднаш покажа менталитет на мал клуб

by Lina Muslija

Рој Кин уште еднаш го коментирал дербито меѓу Манчестер Сити и Арсенал и го обвинил лондонскиот клуб дека не покажува менталитет на голем клуб кој се бори за титула.

Арсенал цело второ полувреме играше со фудбалер помалку, па реши целосно да се фокусира на одбраната, нешто што не му се допадна на Кин, а Сити пак на крајот успеа да израмни и да спречи пораз на домашен терен од директен ривал за титулата. Ирската легенда потсетила дека „топчиите“ го направиле истото дури и на дуелот со Брајтон, каде црвен картон заработи Деклан Рајс.

– Ако Сем Алардајс, Нил Ворнок или Стив Брус постават ваква тактика за цело второ полувреме, тие се диносауруси. Ако Арсенал го направи тоа, некој сака да го претстави како брилијантен план.

– Кога ќе ја освоеја топката требаше да се обидат да поврзат некое додавање и да тргнат напред, зборуваме за Арсенал, а не екипа од Чемпионшиш која игра во ФА купот.

– Тие само исфрлуваа како мал клуб со соодветен менталитет. На почетокот на сезоната мислев дека Арсенал може да ја освои титулата, но пет-шест натпревари подоцна не сум убеден во тоа. За малку ќе го победеа Сити, но дефинитивно играат слабо во офанзивниот дел, – изјавил Кин.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk