-3.7 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Ким Кардашијан како Елизабет Тејлор

Најчитани вести

Сите имаме свои идоли, ликови кои ги обожаваме и кои ни се инспирација во секојдневниот живот. Со ознаката #MyIdol и „селфито“ од неа како позира до стара фотографија од Елизабет Тејлор, Ким Кардашијан повторно ни покажа кој е нејзиниот идол на социјалната мрежа Инстаграм.

Американската старлета досега во неколку прилики изјави дека е фасцинирана со Тејлор, којашто почина во март 2011 година на 79 – годишна возраст. Еден месец пред смртта на познатата глумица, Кардашијан ја интервјуираше за „Harper’s Bazaar“, а последниот ’твит’ на ѕвездата пред нејзината смрт беше токму за тоа издание. „Следи ја својата страст, следи го своето срце и работите што ти требаат ќе дојдат едно по друго“. – Тејлор ја советуваше Ким во интервјуто.

Ким Кардашијан сега нè врати и во златната ера на Холивуд неколку години наназад. Сопругата на Канје Вест учествува во фотосесија за списанието 7HOLLYWOOD, терајќи не  да заборавиме  дека годината е 2019 година.

На фотографиите, Кардашијан носи црн фустан, а косата е стилски тапирана.

Изборот на реалити ѕвездата не е случајен. Ким отсекогаш тврдела дека инспирацијата ја црпи од актерките Софија Лорен и Елизабет Тејлор.

Извор: vistina.com.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести