16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Ким Џонг-ун се заканува со нуклеарно оружје во случај на „американска инвазија“

Најчитани вести

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се закани со проширување на нуклеарниот арсенал и развој на пософистицирани системи за нуклеарно оружје. Тој вели дека иднината на односите меѓу Пјонгјанг и Соединетите Американски Држави зависи од откажувањето на Вашингтон од непријателската политика.

Ким на конгресот на владејачката Севернокорејска комунистичка партија, прв во последните пет години, рече дека „клучот за воспоставување нови односи со САД е дали Вашингтон ќе стави крај на својата непријателска политика“ кон Пјонгјанг, објави државната агенција КЦНА. Ким вели дека нема да користи нуклеарно оружје освен ако „непријателските сили“ имаат намера први да ги користат против Северна Кореја.

Тој изјави дека Северна Кореја мора дополнително да ги зајакне своите воени и нуклеарни можности, бидејќи расте опасноста од американска инвазија врз неговата земја.

Ким им нареди на партиските функционери да развиваат ракети со повеќе боеви глави, нуклеарни ракети со подводни лансирања, шпионски сателити и подморници со нуклеарно оружје, наведува КЦНА. Неговите денешни изјави се толкуваат како обид за притисок врз идниот американски претседател Џозеф Бајден, кој ќе стапи на должност на 20 јануари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести