Кик-боксерите на КБК „Претадатор“ денеска остварија прием со Градоначалникот Максим Димитриевски во просториите на Општина Куманово.
Повод за средбата се низата медали со кои спортистите се вратија од Европскиот куп на кој учествуваа во Сараево.
– На успешните спортисти им упатив честитки за наградите, што претставува уште поголем поттик за континуирано тренирање и напредок во оваа спортска дисциплина, вели Димитриевски.