Home » Киа во август продаде повеќе од четвртина милион автомобили

Киа во август продаде повеќе од четвртина милион автомобили

by Lina Muslija

Кај Киа веќе одамна не е изнедување тоа што премиум СУВ-моделот и знаменосец Соренто е трет најпродаван модел. Шампионот е стандардно Спортаж, во средината е Селтос.

Корпорацијата Киа објави продажба од 251.638 автомобили во август, не вклучувајќи ги воените возила и останатите возила за посебна намена. Тоа што продажбата на корејската марка ја задржува силната динамика, се должи на постојано високата побарувачка за СУВ-моделите на марката, соопштуваат од Киа.

Најпродаван модел и во авгтуст е СУВ моделот од компакт класата Спортаж, со вкупно 45.406 примероци. По него следат уште два СУВ-модели, што веќе подолго време го сочинуваат водечкото СУВ-трио на Киа: Селтос на второто место и престижниот Соренто (тест) како трет најпородаван модел. Бројките: 27.595 примероци од Селтос и 18.580 примероци од Соренто. Светската продажба на Киа во август е за 1,7 процент под истиот месец лани.

Продажба на извозните пазари

Извозот од Кореја е намален за 1,4 процент во споредба со лани, со 210.483 примероци. Причината за малиот пад веројатно се должи на забавената продажба на електрични автомобили во Германија, по укинувањето на субвенциите, исто како и во Шведска и уште неколку пазари што постапија исто.

Најбаран модел на извозните пазари е Спортаж, со продадени 39.418 примероци. По него следи уште еден СУВ-модел, Селтос, којшто е незначително поголем и погруб е во појавата во споредба со европскиот Стоник, со продадени 22.044 примероци, главно во САД, трет е К3, што заедно со наследничката К4, постигна 15.980 продажби.

Продажба во Кореја

На домашниот пазар се продадени 40.510 возиола на Киа во август, за 4,1 проценти помалку во споредба со лани.

Најбаран модел и на домашниот пазар е Спортаж, со продадени 5.988 примероци. Втор модел и натаму е Селтос, со 5.551 примероци, а трет по продажба, веќе извезно време е луксузниот МПВ-модел Карнивал, поскап и од Соренто, со продадени 5.534 примероци. Има бројки и за новиот, целосно електричен ЕВ-три, што во првиот цел месец во продажба постигна 4.002 примероци.

Киа очекува дека тековната динамика ќе се задржи до завршетокот на годината, посебно со најавеното моделско освежување на Спортаж и со премиерата на лимузината К8.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More