Home » Kia шампионски во Унгарија: Ceed најпродаван компакт, e-Niro прв електричар

Kia шампионски во Унгарија: Ceed најпродаван компакт, e-Niro прв електричар

by Журнал.мк

Рекордна година за Kia во Унгарија. Втора година во низа, e-Niro го држи првото место во продажбата на електрични автомобили, додека Ceed е најпродаван модел во голф-класата и трет најпродаван модел воопшто на унгарскиот пазар.

Меѓу јануари и декември лани, во Унгарија биле регистрирани 121.920 нови патнички автомобили. Од нив, со чисто електричен погон биле 4.311 возила. Уделот на автомобилите што се движат исклучиво со енергијата во батеријата изнесува 3,5 проценти, што е сосем солидна вредност. Меѓу овие возила, втора година е најпродаван Kia e-Niro. Лани биле продадени вкупно 661 примероци од електричниот кросовер, што е достапен и во хибридна и приклучна хибридна изведба.

Уделот само на e-Niro меѓу автомобилите на струја во продажбата во 2021 година во Унгарија изнесува 15,33 проценти. Не е изненадување и тоа што Kia забележа најголем пораст во продажбата на чисто електричните автомобили во земјата лани, со 76,7 проценти раст во споредба со 2020 година (374 примероци).

Kia Optima IV Sportswagon (facelift 2018) 2.0 GDI (202 Cv) Plug-in Hybrid  Automático | TECHNICAL DATA ✓

Kia во 2021 година продала во Унгарија 287 примероци повеќе од електричниот e-Niro отколку преклани

Кросоверот што Kia го произведува во Јужна Кореја, лани бил избран и за Зелен автомобил на годината во Унгарија. Kia нуди и подостапна изведба од e-Niro, со помала батерија и досег од 289 километри, но и изведба со голема батерија, што со 455 километри досег им парира и на некои модели со обичен мотор. Возачките и возачите избираат e-Niro во сите варијанти, без разлика дали со цената тие влегуваат во повластената категорија што ја субвенционира државата.

Рекордната година на Kia во Унгарија ѝ го донесе 4-то место меѓу најпродаваните марки патнички автомобили во земјата; Марката првпат е во унгарскиот Топ 5

Во споредба со преклани, унгарскиот огранок на Kia постигнал најголем раст во продажбата меѓу патничките автомобили во големоволуменскиот сегмент (значи без премиум и специјалистичките марки), со 45 проценти. За успехот да биде уште поубедлив, тоа се случуваше во годината во којашто целиот автомобилски пазар во земјата имаше пад од 4,77 проценти. Kia воедно постигна и највисок пазарен удел во историјата, од 4,9 проценти во 2020 година на 7,5 проценти лани (+2,6 процентни бодови).

Во поглед на целиот пазар во Унгарија, секако дека е повеќе значаен успехот на компактот Ceed. Тој постигнал продажба од вкупно 3.923 примероци, што одговара на пазарен удел од 18,3 проценти меѓу возила од компакт класата. Kia Ceed е трет најпродаван модел во голф-класата.

Доколку се исклучат продажбите на службени возила, Kia во продажбата на приватни лица е трета најпродавана марка во Унгарија, со удел од 10,9%, односно со раст во продажбата од 21,8% во споредба со 2020 година. Тука вистински се покажа колку е моќен пазарниот настап на Kia, затоа што приватниот пазар во земјата имал пад од 25 проценти лани.

Врвот на успешната година на Kia во Унгарија е токму Ceed, токму во приватниот сектор. Без службените возила, Kia Ceed е воопшто најпродаван модел во земјата лани. Со удел од 24,5 проценти, тоа значи дека еден од секои четири купувачи лани се решавал за Ceed. Секако дека Sportage е неодминлив. Тој е втор најпродаван модел во Унгарија, со удел од 11,9 проценти во сегментот на СУВ-возила од компакт класа.

За Македонија, очекуваме тимот на Владимир Билбилов наскоро да го објави пристигнувањето на новата генерација на Kia Sportage. Според ноемвриските бројки, тој е најпродаван модел во Македонија лани, и воедно единствен што надминал 300 примероци во 2021 година. Се чека уште резултатите од декември да го потврдат шампионскиот успех. Во декември имавме и тест возење на освеженото моделско годиште на Kia Ceed, во нивото GT Line, за коешто се очекува 80% удел во продажбата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk