13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Kia го претстави новото лого со атрактивно пиротехничко шоу (Видео)

Најчитани вести

Корејскиот производител Kia денеска официјално го претстави своето ново лого, како и новиот слоган, елементи кои ја истакнуваат амбициозноста на компанијата да стане лидер во електро-мобилноста.

Логото беше претставено на спектакуларен начин, со помош на 303 дронови кои активираа пиротехника во околината на корејскиот град Инчон, а новиот слоган е „Движење кое инспирира“ и ќе го замени досегашниот слоган „Моќ да изненади“.

Ова е само почеток на амбициозниот план на Kia, веќе за 15. јануари е најавена премиера на многу важен модел на електричен погон, по што и наредниот период ќе бидат промовирани новитети кои се дел од стратегискиот план на брендот.

– Новото лого на Kia ја претставува посветеноста на компанијата да стане предводник во промените и иновациите, – истакнал претседателот на компанијата, Хо Сунг Сонг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести