Жирито од 82 автомобилски новинарки од 55 држави на пет континенти при изборот се раководи според безбедноста, квалитетот, цената, дизајнот, лесното возење, перформансите и отпечатокот врз животната средина. Според сите овие критериуми, Киа ЕВ3 годинава освои најмногу гласови во конкуренција на СУВ-модели од компактната класа.
Киа при развојот на овој модел имаше намера електромобилноста да ја донесе до поширок круг купувачи, до поразновидни профили на возачки и возачи, и тој истовремено да се издвојува со возните својства, технологијата, комфорот и противвредноста.
Во конкуренција беа 12 модели во сегментот на компактните СУВ, којшто е вториот најпродаван сегмент во Европа:
- Алфа Ромео Јуниор
- БМВ икс 2
- Чери ај Кар 03
- Купра Терамар
- Дачиа Дастер
- Киа ЕВ3
- Мини Кантримен
- Опел Фронтера
- Рено Сеник
- Рено Симбиоз
- Смарт #3
- Фолксваген Тигуан
Во врвната изведба, ЕВ3 постигнува досег до 605 километри, што е меѓу најдобрите вредности во сегментот. Основниот модел минува 436 км до следното полнење. Со користење 400-волтна технологија за брзо полнење и при соодветен брз полнач, батеријата се полни од 10 до 80 проценти за 29 минути. Уште едно мерило за брзината: За 15 минути, електричната Киа полни енергија за следните 202 километри.
Исто како останатите модели што се излезени од дизајнерската филозофија на Киа, којашто се води како Спротивностите Обединети, ЕВ3 е спој меѓу природното и технолошкото, меѓу модерното и класичното, како надвор, така и во кабината.
Меѓуоскиното растојание од 2,68 метри обезбедува просторна кабина на возилото долго 4,30 метри. Багажникот располага со зафатнина од 460 литри, напред има мал багажник од 25 литри.
Жените избираа автомобили во шест категории, останатите победници годинава се:
- Теренски возила 4х4 и пикапи: Тојота Ланд Крузер
- Големи СУВ-модели: Хјундаи Санта Фе
- Големи лимузини: Ауди А6 е-трон
- Спортски и луксузни автомобили: Порше Панамера
- Градски модели: Мини Купер
- Компактни СУВ: Киа ЕВ3
Од победниците во овие шест категории ќе се избира и севкупниот победник во Изборот на дамите за автомобил на 2025 година. Тој ќе биде прогласен на посебна свеченост на 6-ти март, два дена пред Денот на жената.