Kia по откривањето на изгледот на новата Optima кон почетокот на ноември, сега ја претстави внатрешноста и ги откри спецификациите на новата генерација на својата лимузина

Kia потврди дека засега K5, односно Optima како што е позната надвор од Јужна Кореја, ќе има неколку погонски верзии, во зависност од пазарот на кој ќе се пласира автомобилот. Optima исто така ќе биде достапна и со погон на сите четири тркала, повторно, зависно од пазарот на кој ќе се пласира, додека погонот на предните тркала останува стандарден.

Основната верзија за американскиот пазар ќе располага со четири-цилиндричен 1,6-литарски турбо-бензински мотор со 180 КС и 265 Nm максимален вртежен момент.

На останатите пазари ќе биде достапен 2,0-литарски четири-цилиндричен мотор со 150 КС и 192 Nm со посилна варијанта од 152 КС и 195 Nm благодарение на континуираното променливо подигнување на вентилот.

Уште помоќна ќе биде Optima со 2,5-литарски турбо-бензински мотор со 191 КС и 246 Nm, а на врвот на понудата ќе биде Optima GT со 286 КС и 422 Nm. Optima GT ќе забрзува од 0 до „стотка“ за 6,6 секунди. Kia овој модел ќе го нуди и со 8-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Во ентериерот ќе се истакнува 12,3-инчната дигитална контролна табла со опционен 10,25-инчен мултимедијален екран, а на купувачите ќе им биде достапен и 8-инлен хед-ап екран. Контролната табла е изработена во металик боја со површински ефекти од дрво за пософистициран изглед и чувство, во зависност од спецификацијата на возилото.

Опремена со голем број безбедносни системи, Kia Optima на пазарот ќе се појави во првата половина на 2020 година. Вреди да се напомене и дека во најава се и хибрид верзии, но Kia се уште не нуди детали за нив.

Optima

Безбедносниот систем на Kia се проширува со додавањето на Remote Smart Parking Assist. Со оваа технологија, со само едно притискање на копчето, возилото ќе може автономно да излезе од паркинг местото на кое е поставено.

Екстериерот беше претставен пред повеќе од еден месец

Кога станува збор за екстериерот, кој беше откриен пред нешто повеќе од еден месец, треба да се напомене дека новата Optima со себе носи спортски, модерен и одважен карактер. Предниот дел се одликува со новиот „тигарски нос“ на Kia – Tiger Nose Evolution, широк тродимензионален дизајн кој органски ја интегрира решетката и предните свтла од претходните повторувања на Optima. Текстурата на решетката е моделирана според текстурата на морската кожа која има силен и спортски изглед. Новите светла на Optima се карактеризираат со препознатлив потпис на дневното светло за секојдневна работа.

Инаку, не е исклучена можноста Kia да ја пласира новата Optima под името кое го користи во Јужна Кореја, K5, за глобалниот пазар, но тоа е се уште во рангот на шпекулации.