Напаѓачот на Јувентус, Федерико Кијеза, имал успешна операција на коленото. Клубот соопшти дека фудбалерот ќе биде отсутен од тимот во наредните седум месеци.
Кијеза, ги повреди предните вкрстени лигаменти во коленото, на натпреварот против Рома на 9.јануари.
Јувентус се надеваат дека Киеза ќе биде подготвен за почетокот на наредната сезона.
Кијеза, оваа сезона, одигра 18 натпревари, постигнал четири гола и забележал исто толку асистенции.