Home » Кети Пери и Орландо Блум раскинаа

Кети Пери и Орландо Блум раскинаа

by Lina Muslija

Еден од најпознатите парови во светот на шоубизнисот – Кети Пери и Орландо Блум – одлучија да тргнат по различни патишта по речиси една деценија заеднички живот, потврди извор близок до двојката за списанието „Us Weekly“, пренесува Курир.

„Кети и Орландо раскинаа, но остануваат во добри односи“, рече изворот, додавајќи дека во моментов нема конфликт меѓу нив и дека пејачката, и покрај  тоа што е тажна, сепак и е полесно што нема да мора да помине низ уште еден развод.

Инаку, Кети Пери зад себе има еден развод. Во 2012 година се разведе од музичарот Расел Бренд , што го опиша како еден од најтешките периоди во нејзиниот живот.

Проблемите во врската меѓу Кети и Орландо траат веќе некое време, информираат нивни блиски.

„Имаше тензија меѓу нив со месеци, раскинувањето беше само прашање на време“, тврди инсајдер.

Пејачката и актерот се запознаа во 2016 година на забавата по повод доделувањето на Златните глобуси. Три години подоцна, на Денот на вљубените, Блум ѝ предложи брак на Пери, а во август 2020 година ја добија нивната ќерка, Дејзи Дав.

-Инаку во текот на викендот, Блум и Дејзи ѝ се придружија на Пери на турнејата во Австралија, каде што пејачката настапи во Перт. Сепак, се подразбира дека тие живеат одвоено веќе некое време.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk