Пресврт на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, бидејќи еден од обвинетите Влатко Кешишев поднесе изјава во која тврди дека првообвинетиот Љупчо Палвески Палчо нема никаква врска со случајот.
Според изјавата Палевски, ниту на 22-ри ноември ниту на 27-ми, кога се случија грабнувањата и убиствата не бил со другите обвинети, туку спиел во штабот на пртијата „Десна“.
Кешишев тврди дека згрешил што го послушал едниот од обвинетите Велибор Манев и кажал невистини во исказот.
Кешишев тврди дека само тој, Боре Видевски и Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје.
Според него, Манев е тој што извршил притисок и му се заканил на полицијата да и каже дека Палевски е органзатор и извшрител на убиствата.
Изјавата рачно напишана Кешишев во понеделникот до судот ја поднел без знаење на неговиот адвокат.
„Тој има напишано некоја изјава но, не би сакал да ја коментирам содржината, бидејќи не знам дали ракописот е негов, дали потписот е негов, дали тој своеволно ја пишувал, не сакам да помислам, дека можеби некој го присилил или му се заканил. Откако ќе разговарам со него, по однос на содржината, дополнително ќе ве известам и вас“, рече Игор Ефремов, адвокат на Влатко Кешишев.
За адвокатот на Видевски нелогично е што Кешишев ја сменил својата прва изјава.
„Мислам дека не е совесно во ваков предмет еднаш да се изјавува едно, вторпат да се изјавува друго. Во понатамошниот тек од постапката ќе има соочување помеѓу сите нив,“ речеБојан Манев, адвокат на Боре Видевски.
Кешишев и Мнаев се тие што ќе сведочат пред полицијата кога ќе бидат приведени дека Палевски е извршител на убиствата. Кешишев ќе ја однесе полицијата до местото каде е закопано девојчето, а Манев до местото каде бил убиен Жежовски.
Пред Кривичниот суд денеска сведочеше Стефан Димковски кој го однел Палевски од Белград за Турција. Тој раскажа како Палевски наместо да се врати во Скопје се премислил и решил да оди за Турција бидејќи добил потврда за операција за кичмата.
Но, Димковски во ниту еден момент не го слушнал Палевски како договара операција. Се сместил во Беликесир дека било поевтино и дека таму имал некој човек кој зборувал македонски. Палевски пред Димковски на 3. декември пред тој да тргне за Скопје му кажал дека полицијата била во Десна и дека се приведени неколку лица и дека го местат.
Но, Палевски уште уште во петокот на 1 декември додека бил во Белград знаел дека го бара полицијата, кажа пред судот сведокот Ламбе Бучков. За време на нивен телефонски разговор Палевски му рекол на Бучков дека Кешишев го информирал дека полицијата била во партијата Десна и дека бара одреден пикап кој бил поврзан со исчезнувањето на некое девојче. Инаку Бучков сведочеше дека Палевски немал пари и негов имотен пријател му дал 15 илјади евра како аванс за бизнис зделка. Инаку Бучков кој порано работел во МВР сведочеше и дека знаел дека Палевски поседува неколку пиштоли бидејќи бил љубител на оружје.
Сведочеше и Ерол Османи кај кого Палевски, ден по грабнувањето на Ѓорчевска на 28 ноември, минатата година бил кан него дома да поправи котел за греење. Палевски дошол со пикап на кој му била удрена вратата кај возачот. Палевски притоа не му кажал дека планира да отпатува некаде. Судењето продолжува на 25 ноември.