Home » Кенија: Пронајдени остатоци од џиновски прстен од вселената(ВИДЕО)

Кенија: Пронајдени остатоци од џиновски прстен од вселената(ВИДЕО)

by Lina Muslija

Слушнав нешто и мислев дека е експлозија кога слета овде! Ја прашав толпата: ‚Дали денес е крајот на светот?

Жителите на селото Мукуку во Кенија неодамна биле шокирани од запален предмет кој паднал од небо. Инцидентот се случи на 30 декември минатата година, во областа Макуени, помеѓу главниот град Најроби и крајбрежниот град Момбаса. За среќа, никој не е повреден. „Го слушнавме овој силен тресок што не можевме да го дешифрираме. Металниот предмет потоа падна и испушти друг звук, што многу не преплаши“, изјавил за Туко еден од жителите на Мукуку.

„Слушнав нешто и мислев дека е експлозија кога слета овде! Ја прашав толпата: „Дали денес е крајот на светот?“. Се надевам дека нашите водачи ќе ни кажат што е овој објект и зошто паднал токму овде“, изјавил за Туко друг жител. Објектот што падна на кениското село беше вселенски отпад, прстен од делумно изгорен метал тежок 500 килограми со дијаметар од околу два метри.

Кениската вселенска агенција верува дека станува збор за раздвојувачки прстен за лансирање ракети. „Овие објекти обично се дизајнирани да изгорат при повторното влегување во атмосферата на Земјата или да паднат во ненаселени области, како што е океанот“, велат од агенцијата. Иако велат дека ова е изолиран случај, тие нагласуваат дека зголемениот број на вселенски патувања довел до зголемување на вселенскиот отпад што паѓа на Земјата.

„Како заедница сме многу загрижени. Што ако ова падне во куќата на еден од нас? Дали има компании на небото што предизвикале овој објект да падне врз нас? Ни требаат одговори“, му коментира на Туко друг жител на Мукуку.

Потсетуваме, пред две години слична ситуација се случи и во Австралија, кога дел од капсулата Dragon на SpaceX падна на фарма за овци. Исто така, минатата година беше поднесена тужба против НАСА, бидејќи парче метал паднало од небо врз куќа во Флорида.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk