Home » Кекеновски: Безначајна е критиката на Пендаровски од СДСМ кон ВМРО ДПМНЕ, особено и поради поддршката на Трамп и блискоста со Орбан!

Кекеновски: Безначајна е критиката на Пендаровски од СДСМ кон ВМРО ДПМНЕ, особено и поради поддршката на Трамп и блискоста со Орбан!

by Журнал.мк

„Стево Пендаровски беше претседател на Република Македонија од 2019 до 2024 година, доаѓајќи на функцијата како кандидат поддржан од СДСМ. За најголем број на граѓаните на Република Македонија тој нема да остане запаметен како значајна политичка личност. Во споредба со други политичари, како на пример, Зоран Заев, кој се поврзува со Преспанскиот договор, со промената на името, како и со други отстапки, кои ја загрозија националната и државната самобитност, Пендаровски ќе остане запаметен само како фигура во сенка, ревносен поддржувач без влијание на домашен и меѓународен план.“ – вели универзитетскиот професорд-р Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Нерелевантниот Пендаровски“, кој ја објави информативниот портал „Курир“.

Натаму, покрај другото, Кекеновски пишува: Како претседател Пендаровски имаше право и можност да ја критикува работата на владата и да биде нејзин коректор. Но, го правеше тоа многу ретко. Неговите повремени критики беа обид да се оддалечи од непопуларните и користољубиви политики на СДСМ и ДУИ, со цел да изгради наводен независен изглед во последните години од својот мандат. Се претставуваше како независен, но постојано беше поддржан од СДСМ, како пратеник, кандидат за претседател, и, во основа, како нивен верен поддржувач и извршител. Ова е противречно и невообичаено во политиката.

Пендаровски пред последните претседателски избори беше свесен дека и тој и владата на СДСМ-ДУИ се соочуваат со пад и се обиде со некои потези да се оддалечи од нив, за да не биде асоциран со нивниот неуспех. Овој потег беше класичен политички маневар: кога бродот тоне, први се спасуваат оние што најлесно се приспособуваат. Кога му стана јасно дека нема никаква шанса да добие втор мандат, реши да создаде впечаток на „независен мислител“. На крајот од мандатот ненадејно реши да стане „храбар политички критичар“. Но, тоа не беше вистинска храброст, туку обид да се спаси дел од образот пред јавноста.

Не е исклучено дека Пендаровски можеби имал лични судири со врвот на СДСМ, па неговите критики биле делумно и негова одмазда пред изборите. Тој критикуваше не затоа што беше храбар, туку затоа што сакаше да се оддалечи од постапките на владата. Но, неговите зборови изгубија тежина, бидејќи беше сфаќан како некој, што својата кариера ја изгради како поддржувач на врвните владејачките структури во СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, без да придонесе за значајни политички промени и кај едните и кај другите. Неговиот најголем придонес беше неговото лично приспособување кон затекнатата состојба и кон надредените.

Вистински храбар и доследен политичар би бил оној, што би зборува додека има можност да промени нешто, а не кога веќе е „политички мртов“. Пендаровски се обиде да критикува СДСМ и ДУИ кога веќе беше доцна, со надеж дека ќе остане важен на политичката сцена. Но, тоа немаше ефект, бидејќи беше веќе прочитан од граѓаните како политичар, кој нема вистинска храброст и принципиелен став.

Сега, кога Пендаровски од позиција на „засекогаш поранешен“ се обиде да ја критикува новата надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ, особено за поддршката на Трамп и блискоста со Орбан, тоа само го потврди неговиот политички опортунизам. По загубата на функцијата, веројатно се обидува да најде нова улога во јавноста. Напаѓањето на новата влада е само обид да остане видлив, но тоа не е засновано на вистинска загриженост, туку на реторичко-користољубива поза.

Како политичар без реална моќ и без поддршка, неговите критики најверојатно се резултат повеќе на фрустрација отколку на принципиелност. ВМРО-ДПМНЕ сега има силна поддршка, а Пендаровски нема влијание во јавноста да биде сфатен сериозно. Неговата реторика веројатно ќе биде прифатена само од оние кои веќе имаат критички и тврдокорен став кон новата влада, но нема да ја променат јавната перцепција.

Пендаровски е „завршена работа“ во политиката, и ова е веројатно негов обид да остане уште некое време видлив. Неговите критики не доаѓаат од позиција на принципиелност, туку од личен и политички интерес, што го прави нерелевантен за пошироката јавност.

П.С. За неговата доследност и принципиелност доволно зборуваат неговите зборови: „Слободарски граѓани душата ќе му ја извадат на тој што би ја поддржал промената на името. Нема да го остават во таа фотелја во која е!“

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk