Принцезата од Велс е фотографирана за првпат во јавноста откако објави дека завршила со хемотерапијата.
Кејт (42) денеска беше фотографирана со принцот Вилијам (42), кралот Чарлс (75) и кралицата Камила (77) на миса во Крати Кирк во Балморал.
Вилијам бил зад воланот додека Кејт со капа на главата седела на совозачкото седиште, пишува „Би-Би-Си“ кој ги објави фотографиите.
Принцезата е фотографирана само неколку дена откако се врати на службените обврски. Девет месеци била „на пауза“ поради здравствената состојба.
Таа организираше состанок во замокот Виндзор каде што разговараше за нејзиниот проект за ран детски развој, на кој присуствуваа членовите на нејзиниот тим и претставници на фондацијата посветена на децата.
Да потсетиме, Кејт во март објави дека и бил дијагностициран рак по операција на абдоменот и дека ќе мора да оди на превентивна хемотерапија. Таа неодамна ја сподели веста дека заврши со хемотерапија.