Home » Кејн за првпат брутално искрен: Објасни зошто си заминал од Тотнем

Кејн за првпат брутално искрен: Објасни зошто си заминал од Тотнем

by Lina Muslija

По години на индивидуални признанија и голови, Хари Кејн конечно го дочека својот прв тимски трофеј, oсвојувајќи ја шампионската титула со Баерн Минхен во сезоната 2024/2025. Најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација, кој постигна над 400 голови во кариерата, конечно го запиша и првиот голем колективен успех.

Со 24 погодоци во Бундеслигата, Кејн беше една од клучните фигури во тимот на Компани, а сега за „Гардијан“ за првпат зборуваше по освоената титула.

„Убаво е да се биде на другата страна. Искрено, доживеав прослава каква што досега немав. Но тоа нема да ме промени како фудбалер. Не сум поразличен од тоа што бев претходно. Ова е нешто што недостасуваше во моето си-ви“, изјави напаѓачот, додавајќи со доза на искреност: „Можеби кога еднаш ќе ја освоиш титулата, повеќе нема што толку да се зборува“.

Кејн објасни и зошто ја напушти Тотнем.

„Лесно можев да останам во Тотнем, да играм во Премиер лигата и да продолжам да постигнувам голови, но сакав повеќе. Сакав предизвик, да се усовршам, да се докажам на највисоко ниво, да играм во најголемите натпревари, да бидам дел од трка за титули и од Лигата на шампионите“, нагласи капитенот на Англија.

Тој верува дека ова е само почеток на нешто посебно во неговата кариера: „Ова е само првиот чекор. Мислам дека најдоброто допрва следува“.

Фото: FC Bayern München/FB

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk