Home » Казнети 60 возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден

Казнети 60 возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден

by Журнал.мк

Во рамки на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во Град Скопје синоќа, од 19:00 до 00:00 часот, спроведена е акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Од контролирани 90 мотоцикли и мотори, санкционирани се 60 возачи.

Како што соопшти МВР, 28 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 10 возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, пет мотоцикли не биле регистрирани, едно патничко возило било задржано поради сомнение за техничка неисправност и предизвикување голема бучава…

– Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More