За време на вчерашните сообраќајни контроли во Скопје, полицијата им изрече казни на 59 возачи кои не им дале предност на минување на пешаците, но казнети се и 11 пешаци, најверојатно затоа што улица преминале надвор од пешачки премин.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека на територијата на Скопје изречени се вкупно 247 мерки, а покрај канзетите возачи кои не ги почитувале пешаците, како и покрај казнетите пешаци, изречени се санции и за 11 лица кои возеле без возачка дозвола.
Изречени се и шест санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 64 мерки за непочитување на брзината на движење, велат од МВР и предупредуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со засилени сообраќајни контроли.