Home » Казна за кланица која испуштала крв во река во Струмица

Казна за кланица која испуштала крв во река во Струмица

by Журнал.мк

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја казни струмичката кланица за која екоактивистите алармираа дека испушта директно крв во реката по колењето на јагнињата.

– За сторен прекршок – нештетно отстранување и употреба на Категорија 3 материјал – нуспроизводи од животинско потекло и производи добиени од нив, согласно категоризацијата на нус производите од животинско потекло (член 11 и 14 од Законот), операторот е казнет со парична казна од 2 илјади евра во денарска противвредност, а одговорното лице во правното лице со 400 евра во денарска противвредност. Наредено е доследно спроведување на законските процедури за отстранување на нус производи од животинско потекло од категорија 3 (крв од животни заклани во кланица кои не покажуваат знаци на болест), се наведува во соопштението на АХМ.

Од АХВ посочуваат дека крвта како нус производ од колењето животни (нус производ од категорија 3), согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, треба да се отстрануваат со претходно одвојување и собирање во посебно место.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk