-Потребата за медицински сестри на интензивна нега се покажа и во ковид пандемијата токму поради знаењето за работата со механичка вентилација со оглед дека овие сестри само работат со механичка вентилација, заклучи таа.
Во „Добриот доктор” на Сител по повод неделата посветена на медицинските сестри, говореше главната медицинска сестра на ТОАРИЛУЦ, Јулијана Казанџиска.
Таа воедно е претседател на Здружението на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега – МЗМСАРИН.
Единиците на интензивна нега претставуваат највисоко ниво на медицинска заштита во здравствениот систем, на терцијално ниво што е засновано на мултидисциплинарен пристап.
-На интензивно лекување имаме пациенти кои се најтешки пациенти. Тука подразбира тешко болни, повреден болни кои се под надзор 24 часа. Во оваа група пациенти влегуваат политрауматизирани пациенти, хируршки пациенти од сите гранки на хирургијата како: дигестивна, торако-васкуларна хирургија, урологија, неврохирургија, детска хирургија, интензивните неги во инфективните одделенија, педијатријата, како и пациенти кои имаат и други заболувања, септични пациенти, интоксикации како и опекотини, како што беше последниот случај во Кочани. Дневниот распоред на една медициска нега е доста захтевен, а сестрите се навистина стручни, вешти и потковани со добро знаење, кои спроведуваат 24 – часовен надзор. Во единиците за интензивна нега се пациенти кои се на механичка вентилација, кај нив потребна е посебна грижа и нега, тоа се пациенти кај кои е потребна секојдневна тоалета, аспирирање секрет, следење на нивното дишење, инхалации, рече таа.
Учествуваат во голем број дијагностички процедири каде медицинската сестра треба да ги знае за да може да приготви материјал за да се спроведе таа дијагностичка процедура, појасни медицинската сестра Казанџиска по повод неделата на сестринството.
Таа додаде дека станува збор за поставување централни венски катетри, учествување во бронхоскопии, следење на инванзивен мониторинг, следење на течностите кои се даваат на пациентот, следење, подготвување и давање терапија, следење на 24 часовна диуреза, физиотерапијата со оглед дека во самата интензивна нега се делува како тим каде сите заедно сите делуваат за грижата и негата на пациентите на интензивна нега.
-Потребата за медицински сестри на интензивна нега се покажа и во ковид пандемијата токму поради знаењето за работата со механичка вентилација со оглед дека овие сестри само работат со механичка вентилација, заклучи таа.
Казанџиска изрази огромна благодарност за целиот персонал за беспкрекорноста и одличната организација по трагедијата во Кочани.