Home » Кавадарци бара обиколница за да го намали загадувањето на воздухот

Кавадарци бара обиколница за да го намали загадувањето на воздухот

by Журнал.мк

Кавадарци бара обиколница за да го намали загадувањето на воздухот, но и за поголема безбедност во сообраќајот.

Околу 14 километри треба да биде обиколницата од кај село Марена до висорамнината Витачево.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, во изјава за државната МИА, објаснува дека со заобиколницата се планираат и четири кружни тека, со можност за влез во градот од четири различни локации. Само проектот би чинел околу 400 илјади евра, основен, изведбен, ревизиран проект.

Цената за обиколницата не би била помалку од 12 до 14 милиони евра. Се бара од државата стопроцентно да изнајде финансиски средства за оваа инвестиција за регионален транзитен пат или регионална артерија. Целосно да биде инвестиција на државата.

Лани и оваа година, Кавадарци е меѓу најзагадените македонски градови.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk