Home » Катица Јанева и Боки 13 не треба да му дадат 1,5 милиони евра на Камчев, за Апелација бизнисменот не е оштетен

Катица Јанева и Боки 13 не треба да му дадат 1,5 милиони евра на Камчев, за Апелација бизнисменот не е оштетен

by Журнал.мк

Бизнисменот Орце Камчев, по пресудата за ,,Рекет” во граѓанска постапка ги тужеше Катица Јанева и Бојан Јовановски и од нив бараше да му исплатат 1,5 милиони евра, колку што наводно имало во фамозната торба Луј Витон. Апелација пак пресуди во корист на Јанева и Боки 13, пресекувајќи дека Камчев во случајот немал својство на оштетен. Поточно второстепениот суд ја потврдо првостепената пресуда на Граѓанскиот суд.

Дека ја добиле правосилната пресуда за ,,Фокус” потврди адвокатот Лазар Јанев, син на Катица Јанева. Сега Камчев треба да ги покрие судските трошоци, но и да ги плати адвокатските трошоци на Јанева и Јовановски.

Камчев и додека траеше судењето за ,,Рекет” предјави имотно побарување, но обвинителството му го одби барањето бидејќи тој немаше својство на оштетен. По ова Камчев поднесе тужба за надомест на штета пред граѓанскиот суд.

Во ,,Рекет” екс специјалната обвинителка Катица Јанева беше осудена на 7 години затвор, а Бојан Јовановски-Боки 13 на 9 годишна затворска казна.

Боки 13 е осуден за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а поранешната шефица на СЈО, Јанева, за злоупотреба на службената положба и овластување.

Обвинителството го гонеше Јовановски дека земал 1,5 милиони евра од бизнисменот Камчев, за да заедно со Јанева го спасат од кривичен прогон за случајот „Империја“ кој го отвори СЈО. Во случајот обвинет беше и Зоран Милевски Кичеец, кој по признание на вина беше осуден на три години затвор.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More