Home » Катастарот ќе издава електронски 94 документи

Катастарот ќе издава електронски 94 документи

by Журнал.мк

Преку новиот портал е-услуги граѓаните ќе можат да нарачаат 94 продукти кои ги изготвува Катастарот. Непосредно по нарачката, тие ќе им бидат испорачани на граѓаните. До крајот на годината бројот на продукти кои ќе ги испорачуваме електронски ќе се зголеми за 10, а во текот на наредната година за уште 10 нови продукти – рече директорот на Катастарот, Иван Живковски.

Имотен лист од 1 јануари ќе може да се добие електронски за најмногу една минута по нарачката во Катастарот. Ова, како што најави денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Иван Живковски се овозможува преку новиот портал е-услуги.

До крајот на годинава ќе функционира стариот систем за е-услуги на Катастарот кој е многу побавен и помалку функционален од новиот.

– Преку новиот портал е-услуги граѓаните ќе можат да нарачаат 94 продукти кои ги изготвува Катастарот. Непосредно по нарачката, тие ќе им бидат испорачани на граѓаните. До крајот на годината бројот на продукти кои ќе ги испорачуваме електронски ќе се зголеми за 10, а во текот на наредната година за уште 10 нови продукти – рече Живковски.

Тој појасни дека граѓаните кои ќе нарачаат електронски некој од документите ќе можат да го добијат директно на нивната електронска адреса како електронски документ или преку пошта како печатен документ доколку ја изберат таа опција.

– Електронскиот документ е верификуван и може да се користи секаде каде што е потребно да се поднесе – рече Живковски.

Покрај електронското добивање на документите од Катастарот, додаде Живковски, шалтерите ќе продолжат да функционираат. Граѓаните ќе можат да ги нарачаат и земат потребните документи и на шалтерите во Катастарот. Документ од Катастарот може да се добие и преку геодетските и нотарските канцеларии.

Според Живковски, во системот е-услуги на Катастарот се влезени сите најбарани продукти од граѓаните, освен оние кои се посложени, а кои ги користат геодетските канцеларии.

Живковски информира и дека досега се решени сите заостанати предмети во Катастарот, а новите се решаваат во реално време.

Тој потсети дека неодамна се намалени цените на катастарските услуги до 70%, но дека не е променет тарифникот за геодетските услуги, бидејќи комората на геодети треба да предложи нов тарифник.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk