Home » Каталин Предоју е назначен за привремен премиер на Романија

Каталин Предоју е назначен за привремен премиер на Романија

by Журнал.мк

Досегашниот премиер на Романија, Марсел Чолаку, вчера поднесе оставка од премиерската функција бидејќи кандидатот на владејачкото мнозинство не влезе во вториот круг од претседателските избори. Вршителот на должност претседател на Романија, Илија Бологан, го назначи Каталин Предоју за привремен премиер на Владата.

Бологан денеска потпиша указ за назначување на Предоју за вршител на должноста премиер на Романија, кој ќе ги извршува службените должности до формирањето на нова влада.

Досегашниот премиер на Романија, Марсел Чолаку, вчера поднесе оставка од премиерската функција бидејќи кандидатот на владејачкото мнозинство не влезе во вториот круг од претседателските избори.

Вршителот на должноста претседател на Романија, Илија Бологан, синоќа ја прифати неговата оставка.

Националниот политички совет на романските социјалисти (ПСД) синоќа одлучи партијата да ја напушти владејачката коалиција и Марсел Чолаку да поднесе оставка од функцијата премиер.

Опозицискиот ултрадесничар Џорџе Симион и градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан, на 18 мај ќе се борат во вториот круг од изборите за нов претседател на Романија.

Според податоците на Централната изборна комисија, по обработката на 99,99 отсто од гласачките ливчиња, Симион освои 40,94 проценти од гласовите, а Никушор Дан 20,99 проценти од гласовите.

Кандидатот на владејачката коалиција, Крин Антонеску, доби 20,07 проценти од гласовите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk