Касиерка била физички нападната од 63-годишна скопјанка која извршила кражба во маркет во Ѓорче Петров.
„На 15.04.2025 во 15.43 часот во СВР Скопје, В.Т.(34) пријавила дека околу 14.40 часот, додека извршувала работни задачи во маркет на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната од С.С.(63) од Скопје, која претходно била забележана дека одзела производи од објектот“, информираат од МВР.
По расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.