Home » КАСАМИ: ВЛЕН како дел од Владата ќе биде на услуга на граѓаните и бизнисите

КАСАМИ: ВЛЕН како дел од Владата ќе биде на услуга на граѓаните и бизнисите

by Журнал.мк

Заедно ќе се ангажираат за имплементација на политиките на Стопанската комора на северо-западна Македонија, во насока на напредокот на бизнисите за остварување на економскиот развој во интерес на граѓаните, изјави председателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, Билал Касами, по средбата на лидерите на ВЛЕН- со претставниците на Стопанската комора на северо-западна Македонија.

“Ние реализиравме состанок со Стопанската комора на северо-западна Македонија, со цел да соработуваме за делот на програмата со економска природа и можностите за соработка како идна влада со бизнисите. Задоволни сме што имаме редовна комуникација со Стопанската комора на северо-западна Македонија, каде што како резултат имплементиравме многу точки од нивната програма во нашата предизборна програма. Она што е најважно е дека денеска потпишавме меморандум за соработка, каде заедно се обврзуваме да ги имплементираме сите политики на Стопанска комора на северо-западна Македонија во насока на унапредување на бизнисите кои ќе бидат мотор на економскиот развој и раст на благосостојбата на граѓаните”, изјави Касами.

Касами од канцелариите на Стопанската комора на северо-западна Македонија изјави дека силно веруваат дека по 8 мај, коалицијата ВЛЕН како дел од Владата ќе биде на услуга на граѓаните и на услуга на нашите бизниси со цел да се спречи овој екзодус на нашата младида и нашите граѓани кон Западна Европа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More