Home » Касами: Со пари од општина Тетово се плаќале ручеци на партиски активисти на ДУИ

Касами: Со пари од општина Тетово се плаќале ручеци на партиски активисти на ДУИ

by Журнал.мк

Биљал Касами, градоначалникот на Општина Тетово, вчеравечер во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека со пари на општината се плаќале ручеци за активисти на политичката партија ДУИ.

„На пример, имаме сметка од 80,000 денари за ручек на кои биле партиски активисти на ДУИ. По објавувањето јавно на договорите на дело неколку луѓе ми се јавија, како на пример за овој случај каде ми рекоа дека тие не направиле никаква услуга за општината туку наплатиле за ручек кој изгледал како партиски ручек. Значи, се плаќале тие ручеци преку договор на дело“, вели Касами.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More