Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами вечерва организираше брифинг и заедничка вечера со медиумските работници од општината.
За време на овој состанок, како што велат од прес службата била потврдена важноста на транспарентноста и точниот информативен пристап како клучни елементи на одговорното управување.
„На средбата, беше ставен акцент на тесната соработка со локалните медиуми, кои се важни партнери во обезбедувањето точни и непристрасни информации за граѓаните.
Ова ја претставува посветеноста на Општина Тетово да одржува отворена линија на комуникација со јавноста, градејќи доверба преку транспарентност.
Развојот на Тетово продолжува со сигурни чекори, секогаш поддржан од точни информации и соработка со сите заинтересирани страни“, велат од општина.