Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, изврши увид на состојбата на мостот на влезот во градот каде несовесни граѓани фрлаат разно ѓубре меѓу кои и инертно. Касами апелираше до граѓаните да не фрлаат ѓубре, а во меѓувреме предупреди и за поставување камери
„Откако бевме алармирани од јавноста за состојбата за овој пункт на влезот во Тетово, како локални власти веднаш реагиравме да се исчисти оваа дива депонија што се создаде по претходното чистење што го направи Претпријатието. Ова глетка не наликува на нас и на Тетово, па затоа бараме да не се повтори. Но, како што предупредија од инспекторатот вчера, фрлањето отпад на ова и на други места каде не е предвидено, ќе продолжи со преземање мерки и казни. Општина Тетово заедно со инспекторатот ќе ги засили контролите и ќе има надзор со камери, а ќе бидат казнети сите оние кои ќе бидат фатени како фрлаат на ова место, што е слика за Тетово и на нашиот град и ќе има ригорозни мерки против нив“, рече Касами.