Претседателот на Движење Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами, смета дека Демократската унија за интеграција ќе ги загуби следните избори бидејќи повеќе го нема својот главен стратег.
Тој ја оцени како неприфатлива идејата на Али Ахмети, предложена на партиски собир, во октомври, заедно со локалните избори, да се одржат и вонредни парламентарни избори.
Касами истакна дека партиите од извршната власт не го поддржуваат овој предлог и оцени дека ДУИ секојдневно бара алиби за да го избегне соочувањето на локалните избори.