13.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Kаrоq стана една од најбараните „шкоди“ во Европа

Најчитани вести

Автомобилот Skоdа Kаrоq е еден од новите модели од брендот од Чешка, кој се уште не е толку популарен на Балканот, но во Европа е многу интересен и има огромна побарувачка. Компактниот кросовер е позициониран меѓу Kоdiаq и Kаmiq и тоа и по димензии и со цена се наоѓа во средина.

Поради засиленото барање на моделот, Чесите одлучија тој да почне да се произведува во уште две фабрики и тоа во Русија и во Словачка. Во Русија, фабриката е веќе факт и тоа во Нижи Новгород, а истата ќе биде наменета исклучиво за локалниот пазар.

Од септември следната година Чесите ќе почнат со склопувањето на моделот и во Братислава, а со тоа ќе стане вториот модел кој после Сitigо е iV, кој ќе се прави таму.

Кога ќе се случи тоа моделот Kаrоq ќе се прави во пет фабрики на концернот и тоа во Квасини и Млада Болеслав во Чешка, како и во Словачка, Русија и Кина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com