Home » Карневалот „Прочка 2024“ се одржува во Прилеп: над 500 маски од повеќе места

Карневалот „Прочка 2024“ се одржува во Прилеп: над 500 маски од повеќе места

by Журнал.мк

Маскирани лица дефилираа денеска на карневалот „Прочка 2024“ во Прилеп. Оваа година над 500 учесници се дел од манифестацијата.

Карнвеалското дефиле го предводеа прилепските мечкари, кои се заштитна маска на Карневалот и се прогласени за нематеријално културно богатство од Министерството за култура.

На карнавалот имаше маски од Прилеп и од други градови од земјата.

Прилеп е членка на меѓународната федерација на карневалски градови и со гордост ја одржува вековната традиција во маскирањето.

Карневалските свечености траеја три дена. Во петокот беа изложени преку 400 маски, креации на прилепските ученици, вчера напладне се презентираа обичаите за Прочка, а денеска маскираните ја претставуваа вековната традиција.

Угостителските објекти вечерва ќе работат со продолжено работно време. Прилепските мечкари за утре ги поканија сите гости на заеднички посен ручек со грав во манастирот „Свети Ѓорѓија“ кај Прилеп со што ќе биде означен почетокот на предвелигденските пости.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More