Home » Карлеуша и Северина очи во очи: Се сретнаа на ист настан, а за реакцијата на Јелена зборуваат сите (видео)

Карлеуша и Северина очи во очи: Се сретнаа на ист настан, а за реакцијата на Јелена зборуваат сите (видео)

by Lina Muslija

Пред неколку дена во јавноста излезе преписката меѓу Северина и се уште законскиот сопруг на Јелена, Душко Тошиќ.

На социјалните мрежи сега се појави видео кога Јелена и Северина беа на истото место, на концертот на Саша Матиќ, каде и двeте беа негови специјални гости.

Северина стоела во ходникот кога поминала Карлеуша, по што и се обратила:

– Среќно – рече тогаш Северина на Карлеуши со насмевка на лицето.

 

– Благодарам, пријатно – одговори некој од тимот на Јелена, додека пејачката целосно го игнорираше она што го кажа Северина, не ја ни погледна.

Јелена Карлеуша и Саша Матиќ на 8 март 2016 година го изведоа својот дует „Не смеам да се заљубам во тебе“, а Северина пред белградската публика ја отпеа песната „Море туге“ која првично ја изведе со Матиќ.
Инаку, Карлеуша не го коментираше претерано скандалот. Таа имаше краток коментар за наводниот флерт помеѓу нејзиниот сопруг и хрватската пејачка.

– Повеќе не ме интересира ништо поврзано со Душко – изјави Јелена Карлеуша за тамошните медиуми.

Душко Тошиќ признал дека имало преписка со Северина, а потоа ги открил и деталите, како и зошто стапил во контакт со пејачката.

Она што го привлече вниманието на сите е изјавата дека ја поканил на својата јахта да пее.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More