Home » Карлеуша ги потпишала документите за развод, под објавата се појави еден коментар: А каде е тој маж кој живее со мене а го нема?!

Карлеуша ги потпишала документите за развод, под објавата се појави еден коментар: А каде е тој маж кој живее со мене а го нема?!

by Lina Muslija

По објавата на социјалните мрежи за разводот на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, речиси целиот регион зборува за нивната врска, но има многу реакции на обожавателите, какои и колегите на оваа поранешна брачна двојка.

Карлеуша објави дека ги потпишала документите за развод по 16 години брак во придружба на нејзиниот адвокат Милан Атељевиќ, додека фудбалерот Душко Тошиќ не се појавил, туку испратил овластено лице да се разведе наместо него.

Под објавата дека се разбедува Карлеуша доби голема поддршка од нејзините пријатели, следбеници и колеги и се наредија бројни коментари.

„А каде е тој маж кој живее со мене, а го нема“, пишува во еден од коментарите, кој е цитат од нејзината песна „Тихи убица“, а пејачката му стави „лајк“.

„Луѓето како него никогаш не велат „збогум“. Секогаш ги обвинуваат другите за своите грешки. Со нив разделбите секогаш се без солзи. Каде е тој човек, кој живее со мене, а го нема“ – пишува и во друг коментар, што исто така е цитат од песната на Јелена „Тихи убица“, а и овој коментар и се допадна на Јелена по разводот.

Инаку, Јелена оваа песна му ја посвети на Душко Тошиќ, а ја напиша легендарната Марина Туцаковиќ.

Пејачката Јелена своевремено се огласи на оваа тема, а зборовите од песната изгледа уште тогаш го навестувале ваков крај.

„За многу работи што ги напиша Марина Туцаковиќ, јас бев инспирација. Седевме и тогаш таа ме прашуваше за мојот живот, што има ново, што не… На пример, кога ја напиша оваа песна и кажав за односот со Душко и тој си доби песна“, откри Јелена во подкастот „Why so serious“ на WTF радио.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk