Home » КАРИЛ се подготвува за реновирање: во наредниот период ќе функционира со намален капацитет, изготвен план за упатување на пациентите

КАРИЛ се подготвува за реновирање: во наредниот период ќе функционира со намален капацитет, изготвен план за упатување на пациентите

by Журнал.мк

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети УК за ТОАРИЛУЦ и оствари средба со директорката Марија Срцева Јовановски по повод подготвителните активности, кои се во завршна фаза за отпочнување на темелна реконструкција на просториите на КАРИЛ, која се реализира за првпат.

Заради внимателно и безбедно пристапување кон реконструкција на КАРИЛ, од министерството информираат дека оваа установа во наредниот период ќе функционира со намален капацитет, за што се известени сите јавни здравствени установи во државата.

„Дел од пациентите ќе преземат ГОБ „8 Септември“, Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за неврохирургија, согласно изготвениот интерклинички план, во соработка со Министерството за здравство. Согласно планот, овие јавни здравствени установи ќе преземат точно утврден број пациенти, со заеднички договор со јавните здравствени установи“, се нагласува во информацијата.

Оваа капитална инвестиција, според ресорното министерство е од национален интерес и првпат од основањето на клинички центар се пристапува кон темелна реконструкција на КАРИЛ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk