Факт е дека многу одење секој ден е здраво, но понекогаш е доволно да одвоите минимално време за да се грижите за вашето здравје. На пример, само пет минути. Да, само пет минути се доволни за да почнете да живеете подобар живот и да се грижите за здравјето на целото ваше тело.
Група кардиолози истакнаа за порталот Parade дека кратката физичка активност што трае само пет минути може да помогне. Секако, таквата кратка активност нема да ги избрише негативните последици од седечкиот начин на живот или нездравата исхрана, но лекарите нагласуваат дека дури и малите навики можат да имаат големо влијание ако се практикуваат редовно.
Кардиолозите за Parade ја издвоија кратката прошетка како корисна активност за здравјето. Д-р Шан Куршид предупредува за штетноста од продолженото седење и истакнува: „Седечкиот начин на живот го зголемува ризикот од срцеви заболувања, дури и кај оние кои редовно вежбаат“. Тој верува дека е важно да се најде време во текот на денот за пократки движења, а не само за долги тренинзи.