„Треба да престанеме да гледаме низ етничка призма. Концептот на Европскиот фронт е еден дефокус за прикривање на проблемите од тоа што било правено. Луѓето се водат од емоции и дедуизацијата на општеството значи ослободивање на граѓаните и функционирање на системот. Нашиот став е дека Македонскиот јазик е официјален на целата територија. Ако се замени формулацијата 20% тоа е излегување од Рамковниот договор за кој мислиме дека е исцрпен. Отворањето на уставот треба да биде поради ЕУ-интеграциите, секој друг предлиг би значел еден виде желботека, а тоа може да значи да повлече и некои други барања“, рече пратеникот од ЗНАМ – За наша Македонија, Бобан Карапејовски вечерва во гостување на „Канал 5“.
„Јасно е што сакал да каже Ахмети со изјавата, а тоа е играње на етничка карта. Тие теми се отвораат секогаш кога имаме проблеми со функционирање на системот. Нашата идеја е една национална платформа, сите да кажеме околу што се согласуваме, партиите да си ги кажат забелешките, ние сме подготвени да седнеме и да ги вментеме, на пример знамето е знаме на државата, да се договориме за националните симболи. Ајде да видиме што бугарската страна ќе направи да ги деблокира процесот, не вака од позиција на сила. Практично другата страна не ги почитува вредностите кон кои се стремиме“, рече Карапејовски во емисијата „Само вистина“.